Наби Кеита се прости од починатиот брат, на крајот излезе дека тој е жив

Фудбалерот на Ливерпул, Наби Кеита, вчера имаше шокантен ден откако најпрвин беше објавено дека неговиот брат Алмами Кеита починал во сообраќајна несреќа.

Фудбалската Федерација на Гвинеја објави дека девет лица загинале во несреќата што се случила кога автобус во кој се возеле фудбалери излетал од патот. На листата на загинати се најде и Алмами Кеита, по што асот на „црвените“ од Ливерпул преку социјалните мрежи се прости од Алмами.

„Шокиран сум и тажен, срцето ми е скршено“, напиша Кеита.

Неколку часа подоцна, информацијата за смртта на овој фудбалер беше демантирана.

„Сакаме да објавиме дека Алмами Кеита е жив и моментно се наоѓа во болница“, објавија гвинејските власти.

Се вчитува...