Начевски и Николов ќе бидат дел од ЛОИ во Токио

Најдобрата македонска ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија ново признание за нивната успешна работа. Македонските арбитри ќе бидат дел од ракометниот турнир на Летните олимписки игри во Токио.

Ова за парот Начевски/Николов ќе бидат трети игри откако претходно беа дел и од турнирите во Лондон 2012 година и Рио де Жанеиро 2016 година. Летните олимписки игри во Токио ќе се одржат во периодот од 23. јули до 8. август годинава, откако лани беа одложени поради пандемијата од коронавирусот.

Се вчитува...