Начевски и Николов ќе ја делат правдата на мечот Русија – Словенија

Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, по вчерашниот натпревар меѓу Полска и Тунис, денеска ќе ја делат правдата и на еден од најинтересните денешни дуели на Светското првенство 2021, меѓу Русија и Словенија во Групата Х.

Натпреварот се игра од 18 часот, а делегат ќе биде Норвежанецот Содал.

Во првото коло на Мундијалот Русија ремизираше со Белорусија, додека Словенците убедливо славеа против Јужна Кореја.

Се вчитува...