Начо го одведе Реал Мадрид на врвот

Реал Мадрид го совлада Валјадолид на гости со 0-1 и се искачи на врвот на табелата во Ла Лига со 46 бода. Сега „кралевите“ имаат три бода позитива во однос на најголемиот ривал Барселона кој загуби на гостувањето против Валенсија.

Дефанзивецот Начо беше стрелец на победничкиот погодок за Реал Мадрид на овој меч. Тој одлично реагираше на центаршутот на Тони Крос од десната страна и со удар со глава во 78.минута го совлада противничкиот голман Жорди Масип.

Се вчитува...