Надал без проблеми до второто коло на УС Опен

Рафаел Надал без никакви проблеми се пласираше во второто коло на УС Опен славејќи во три сета против Џон Милман.

Шпанецот лесно го доби првиот сет со 6-3, а потоа следните два сета ги доби со 6-2 и 6-2. Мечот траеше два часа и 11 минути.

Следниот противник на Надал е 203-от тенисер во светот, Танаси Кокинакис.

Во следното коло во Њујорк се пласираше и Ник Кирјос кој со 3-0 го победи Стив Џонсон, како и Гаел Монфилс кој беше подобар од Алберт Рамос – Вињолас.

Се вчитува...