Надал без проблеми ја прескокна и втората пречка на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без проблеми ја прескокна и втората пречка на годинашното издание на францускиот гранд-слем Роланд Гарос. Шпанецот во вечерниот натпревар на „Филип Шатрие“ во второто коло со максимални 3-0 (6-3, 6-1 и 6-4) славеше над домашната надеж Корентин Муте.

Првите два сета експресно му припадна на 21-кратниот гранд-слем шампион, а единствено поголем отпор Муте пружи само во последниот сет во кој беше во егал со фаворитот до резултат 3-3.

Во шеснаесеттина финалето Рафа Надал ќе игра против ќе игра против Холанѓанецот, Ботик ван де Зандшлуп кој денеска беше подобар од Италијанецот, Фабио Фоњини.

Се вчитува...