Надал без проблеми против Иснер во Рим

Рафаел Надал успешно ја помина првата пречка на АТП мастерс 1000 турнирот во Рим. Тој денеска во второто коло беше подобар од американскиот тенисер, Џон Иснер со 2-0, по сетови 6-3 и 6-1.

Во првиот сет доволен беше брејкот на Шпанецот при резултат 4-3, додека во вториот уште во првиот гејм направи брејк кој беше доволен за конечен триумф. Во осминафиналето Надал утре ќе игра против Денис Шаповалов од Канада.

Меѓу шеснаесетте најдобри се пласираше и вториот носител на турнирот, Германецот, Александер Зверев кој беше подобар од Аргентинецот, Себастијан Баез со 2-0 (7-6 и 6-3).

Се вчитува...