Надал е надвор од тениските терени, ама наскоро ќе напредува на АТП

Од следниот понеделник ќе има целосна промена на врвот на АТП ранкингот, а истиот ќе го предвод шпански тенисери.

Карлос Алкараз останува лидер, а на второто место ќе му се приклучи неговиот далеку поискусен сонародник, Рафаел Надал.

Иако најтрофејниот Грен слем освојувач во моментов е надвор од тениските терени, ќе забележи подем на втората позиција. Причината за тоа е падот кој го очекува Каспер Руд, по неуспехот да ја одбрани титулата во Јужна Кореа. Норвежанецот беше елиминиран од Јошито Нишиока, а со тоа ќе загуби 205 поени.

Од понеделник Алкараз ќе остане водечки со 6.740 поени, пред Надал со 5.810, па Руд со 5.645. Ова ќе биде вторпат во овој век двајца играчи од иста земја да го држат врвот, по 2000 година кога Андре Агаси и Пит Сампрас од Соединетите Американски Држави беа водечки.

Се вчитува...