Надал го преслуша Русинот Рублев за полуфинале на УС Опен

Првиот светски рекет Рафаел Надал без никакви проблеми се пласира во полуфиналето на гранслем турнирот УС Опен, совладувајќи го лесно и убедливо, со 3-0 во сетови, рускиот тенисер Андреј Рублев. 19-годишниот тенисер едноставно беше премногу импресиониран од дуелот со Надал и не покажа зошто во моментов е на 53.позиција на АТП – листата.

Надал го освои првиот сет со 6-1, а во вториот му препушти два гема на Рублев. Идентично го заврпи и третиот сет, и сега во полуфиналето го очекува подобриот од мечот меѓу Роџер Федерер и Хуан Мартин Дел Потро, кој се игра рано наутро по македонско време.

Се вчитува...