Надал го пропушта турнирот во Шангај

Вториот рекет на светот, Шпанецот Рафаел Надал ќе го пропушти Мастерс 1000 турнирот во Шангај кој стартува следната седмица.

На еден од најдобрите тенисери во историјата ќе му треба дополнително време да се опорави од повредата на раката поради која нема да може да настапи во кинескиот град. Тој не учествуваше на кинескиот мастерс и минатата сезона, а целта до крајот на годината е да настапи на последниот мастерс сезонава во Париз кој ќе се игра во „Берси“ арената во периодот од 28. октомври до 3. ноември.

Се вчитува...