Надал ја доби маратонската битка и закажа меч со Ѓоковиќ

После маратонски тенис од 4 часа и 23 минути, Рафаел Надал го совлада Оже-Алиасим и се пласираше во 1/4 финалето и си закажа дуел со Новак Ѓоковиќ. Канаѓанецот Оже-Алиасим добро го намачи некогашниот светски рекет број 1, земајќи му го првиот сет, а потоа следните два сета доминација на Надал.

Вториот и третиот сет му припаднаа на Шпанецот, но четвртиот со убедлив триумф го доби Канаѓанецот, по што се отиде во одлучувачки петти сет. Се играше поен за поен се до 4-3 и кога Рафа направи „брејк“ и стигна до 5-3. Потоа на свој сервис и до 6-3, за конечен триумф.

Кај жените, Стивенс од САД ја совлада Тојхман од Швајцарија и обезбеди место во 1/4 финалето.

Се вчитува...