Надал ќе навива за Реал во Париз: Таа ноќ не се пропушта за ништо во животот…

Рафаел Надал важи за еден од главните фаворити за трофејот на Ролан Гарос, шпанскиот тенисер максимално мотивиран допатува во Париз, но фокусот следната сабота навечер нема да му биде насочен кон тениските терени, туку кон фудбалската арена каде што неговиот омилен клуб Реал Мадрид ќе се бори со Ливерпул за европската круна.

Надал отсекогаш ја потенцирал приврзаноста кон Реал, па сега кога неговиот омилен тим ќе го игра клучниот меч на сезоната во градот каде Шпанецот во тој момент ќе се наоѓа, нема дилема за него дали да биде на трибините на стадионот „Стад де Франс“.

„Овде сум да играм на Ролан Гарос и секако дека сум фокусиран на сопствената форма. Секако дека знам дека Реал игра во Париз за време на Ролан Гарос. Исто така, нормално дека веќе ги имам билетите за тој натпревар, ќе бидам на трибините за да го бодрам Реал“, прокоментира Надал.

Се вчитува...