Надал не дозволи изненадување, Лајовиќ достоен противник на Шпанецот

Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал славеше со доминантни 3-0 во сетови(7-6, 6-2, 6-2) против српскиот тенисер, Душан Лајовиќ. Шпанецот имаше спор старт на средбата, но влегуваше во својот ритам како што изминуваа минутите, а Лајовиќ беше достоен противник и прв вистински тест за Надал на овогодинешниот УС Опен.

Улогата на аполутен фаворит на Надал беше под знак прашалник во воведните минути, Лајовиќ ја воодушеви публиката со освоениот брејк и водство од 3-1. Надал речиси го загуби сетот при негатива од 5-3, но искусниот шпански тенисер навреме се разбуди и одговори на агресинвиот пристап од противникот, па така по тајбрејкот славеше со 7-6(8-6).

Во вториот сет Надал ја превзеде иницијативата и две освоени брејк шанси направи водство од 3-0, Лајовиќ пак „украде“ гем на сервис на Шпанецот, но до крајот освои вкупно два гема. Надал полека чекореше кон пласман во следната рунда, со 6-2 во вториот сет и предност од 2-0.

27. рангираниот српски тенисер остана без сили во третиот, пресуден сет за него. Слично како во претходниот сет, Надал дозволи да изгуби само два гема, а при свој сервис и предност од 5-2, првиот светски рекет ја искористи првата меч топка и се пласираше во следната рунда од Гренд слемот во Њу Јорк, каде ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Даниел Таро и Томи Пол.

 

Се вчитува...