Надал разочаран: Не можам да ја замислам Шпанија без Каталонија!

Првиот светски рекет, Рафаел Надал истакна дека се чувствува помалку разочарано од тоа што се случува во неговата земја во однос на референдумот за самостојност и одвојување на Каталонија од Шпанија.

Шпанецот роден на Мајорка, вели дека не може да ја замисли Шпанија без Каталонија.

Не сакам тоа да го видам, но тоа е нешто што се случува. Сакам двете страни сериозно да расправаат за овој проблем и да го најдат најдоброто решение. Верувам дека вака размислуваат повеќето луѓе во Шпанија, не ни се потребни судири и проблеми бидејќи заедно сме подобри и посилни“ – изјави Надал.

Се вчитува...