Надал: Роџер? Не сакам да учествувам во таа дебата

Рафаел Надал е го освои 19. Грен-слем во кариерата, откако во големото финале на УС опен го совлада Русинот, Данил Медведев. Во тениските кругови на големо се зборува за тоа кој од големата тројка, ќе ја заврши кариерата со најголем број освоени грен-слем трофеи.

„Мислам дека Федерер ќе игра бидејќи ужива во тенисот и поради ниту една друга причина. Сигурен сум дека сака да ја завршикариерата со најголем број на Грен-слем трофеи. Времето ќе покаже кој ќе биде најдобар. Знам зошто ме прашувате кој ќе биде најдобар тоа е вашата работа, но јас не сакам да учествувам во таа дебата“, изјави Надал. 

До крајот на сезоната Шпанецот има шанси да се врати на првата позиција на АТП листата, бидејќи Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе мора да замине на операција на рамото.

Се вчитува...