Надал рутински до четвртфинале на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без проблеми се пласираше во четвртфиналето на третиот гранд-слем во сезоната, Вимблдон. Шпанецот со максимални 3-0 (6-4, 6-2 и 7-6) славеше над Холнѓанецот Ботик Ван де Зандшулп.

Во првите два сета Надал му одржа лекција по тенис на Ботик, додека Холанѓанецот во последниот сет успеа да пружи најголем отпор по кој се замина на тај-брејк.

Рафа ја оправда фаворитската улога, иако се водеше „лавовска“ битка, сепак, Шпанецот успеа да направи брејк и да дојде до минимално водство кое на крај се покажа и како сосема доволно за победа и пласман во четвртфиналето на Вимблдон.

Се вчитува...