Надал рутински до осминафинале на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без проблеми се пласираше во осминафиналето на третиот гранд-слем во сезоната, Вимблдон. Шпанецот во 3. коло со максимални 3-0 (6-1, 6-2 и 6-4) славеше над Италијанецот Лоренцо Сонего.

Во првите два сета Надал му одржа лекција по тенис на Сонего, додека Италијанецот во последниот сет успеа да пружи каков таков отпор и еднаш да успее и да му го одземе сервисот на големиот фаворит.

Во осминафиналето Рафаел Надал ќе игра со Холанѓанецот, Ботик ван де Зандшулп кој беше подобар од Ришар Гаске.

Се вчитува...