Надал: Сите навиваа за добар тенис, не почувствував дека париската публика е против мене

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал тргна фуриозно на Ролан Гарос сезонава, па веќе во низа има две победи во Париз, Франција. Рафа во три сета го совлада Корентан Муте, и досега му оди се’ според планот на еден од своите најомилени турнири.

Надал истакна дека е задоволен од приемот кај публиката, затоа што играше против домашен тенисер.

„Мислам дека публиката беше многу фина со мене, нели? Воопшто не чувствував дека публиката е против мене. Мислам дека беа 50-50 и поддржуваа добар тенис. Но, секогаш имам добра поддршка овде во Париз. Мислам дека луѓето знаат колку ова место е посебно за мене. Овде чувствувам голема љубов“, изјави Надал.

Шпанецот повторно славеше во три сета, а само во третиот почувствува малку поголем отпор од противникот.

„На почетокот на третиот сет направив грешка, но се вратив. Имав неколку несигурни моменти, но среќен сум поради добриот финиш и што го завршив мечот во три сета. Задоволен сум како се одвиваат работите“, додаде Рафа.

Надал во следното коло ќе се сретне со холандскиот тенисер Ван де Зандшулп.

Се вчитува...