Надал со порака до Ѓоковиќ на српски (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ беше маестрален вчера на „Лејвер купот“. Тој донесе вкупно четири поени за тимот на Европа против тимот на Светот, откако покрај триумфот над Френсис Тиефо во сингл, славеше заедно со Матео Беретини и во игра на двојки против Алекс де Минаур од Австралија и Џек Сок од САД.

По натпреварот во сингл конкуренција порака до Србинот упати и Рафаел Надал кој поради семејни причини мораше да го напушти Лондон.

Шпанецот на својот твитер профил напиша: „Идемоооооо“.

Се вчитува...