Рафаел Надал денеска фуриозно го „збриша“ Џордан Томпсон во рамки на првото коло од Ролан Гарос. Шпанецот го победи Австралиецот со убедливи 3-0 (6-2,6-2, 6-2).
Рафа не дозволи никакво изненадување, па по кратката пауза од повредите се врати во голем стил на омилениот турнир.
Оваа сезона е голем влогот на Ролан Гарос. Во главна конкуренција ќе бидат Новак Ѓоковиќ, Рафа и младиот Карлос Алкараз. Доколку Србинот го освои турнирот ќе се изедначи со Рафаел Надал, а тогаш ќе биде во пол позиција брзо да стигне и до својот 22. гернд-слем во кариерата, а со тоа и да биде најдобар на сите времиња.
Ѓоковиќ својот прв настап ќе го има вечерва против Јошихито Нишиока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА