Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е поразен во четвртфиналето на Ролан Гарос од Рафаел Надал со 3-1, по сетови 6-2, 4-6, 6-2, 7-6.
Мечот на „Филип Шатрије“ траеше нешто повеќе од четири часа, а Шпанецот шеста година по ред ќе го игра полуфиналето на Грен слем турнирот на кој досега има 13 финални победи.
Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата во Париз. Првиот сет убедливо го доби Надал, а во вториот Новак за момент се врати во игра со 6-4. Сепак, Шпанецот со репризно издание од првиот сет поведе и во третиот, 6-2. Србинот во четвртиот сет имаше предност од дури 4-1, но пропушти голема шанса да го внесе мечот во петтиот сет. Рафа се врати во голем стил и го доби овој епски двобој.
Србинот и Шпанецот заедно имаат 41 грен слем титула, а Рафа ќе има можност да стигне до 22. Ѓоковиќ и Роџер Федерер имаат по 20.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА