Надал во полуфиналето на УС Опен

Вториот светски тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на УС Опен.

Надал во три сета со 6-4, 7-5, 6-2 славеше против Аргентинецот Диего Шварцман, во меч кој и покрај убедливата победа воопшто не беше лесен за Шпанецот.

Во полуфиналето Надал ќе се сретне со Италијанецот Матео Беретини кој во пет сета, пак, го победи Жоел Монфилс.

Се вчитува...