Надеж за Барса, спас за Кутињо – Конечно се појави клуб кој сака да го купи Бразилецот

Барселона ќе направи се што може оваа зима за да се ослободи од Филипе Кутињо. Бразилецот во каталонскиот клуб пристигна од Ливерпул на почетокот на 2018 година како големо засилување, а клубот за него издвои околу 160 милиони евра, но тој никогаш не успеа да ги оправда очекувањата.

Бразилецот игра далеку од формата што ја имаше во Ливерпул кога беше еден од најдобрите играчи на „црвените“, а Барселона очигледно нема повеќе трпение за него. Кутињо е и еден од најплатените играчи во тимот и неговото заминување значително би го олеснило буџетот за плати, па Барселона лесно би можела да ги регистрира засилувањата кои ќе ги донесе во зимскиот преоден рок.

Сепак, Барса повторно се обиде да го продаде Кутињо оваа година, но не успеаја баш бидејќи тој беше тешко повреден. Но, сега клубот се надева дека работите ќе станат многу полесни. „Каталонски Спорт“ објави дека Арсенал покажал голем интерес за Кутињо и дека во наредните денови би можела да пристигне понуда од лондонскиот клуб.

„Топчиите“ се подготвени да платат околу 20 милиони евра за Бразилецот, што секако би ги прифатиле во Барселона само за на крајот Кутињо да го напушти клубот.

Се вчитува...