Надежите до 17 години поразени од Република Ирска

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години доживеа пораз на гостувањето кај Република Ирска од 2-0 во натпревар од 2. коло во првата рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Домаќините поведоа со 1-0 голот на Роко Вата во 31. минута, додека конечните 2-0 ги постави Марк О’Махони во 73. минута. По ремито на првиот меч против Полска, Македонија ја очекува уште дуелот со аутсајдерот во групата Андора.

Се вчитува...