Надежите до 18 години поразени од Црна Гора

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години претрпе минимален пораз од 1-0 од соодветната селекција на Црна Гора во првиот од двата контролни пријателски натпревари кои се играат во Охрид.

Во тврд натпревар, одлучувачкиот момент се случи во 71. минута, кога несреќно, со автогол на македонскиот фудбалер Арда Илјазовски, гостите стигнаа до предност која успеаја да ја задржат до самиот крај.

Нова шанса за поправен впечаток и за македонските надежи да покажат подобра игра ќе биде вториот дуел против Црна Гора, кој е закажан за вторник од 11 часот.

Се вчитува...