Надмоќта на Сити на дело: Голманот Едерсон имаше повеќе додавања од Ериксен и од Деле Али

Манчестер сити го прегази и Тотенхем со 4-1 и незапирливо чекори кон шампионската титула во Премиер – лигата. Тимот на Пеп Гвардиола делува толку моќно, што противниците немаат речиси никакви шанси за успех. Статистиката од денешниот дуел со Тотенхем тоа несомнено го покажува.

Звучи неверојатно, но голманот на Манчестер сити, Едерсон, има комплетирано повеќе успешни додавања на оваа средба од двајцата најдобри играчи за врска на Тотенхем, Кристијан Ериксен и Деле Али.

Едерсон имаше 26 прецизни додавања на мечот со Тотенхем, додека Ериксен остана на 24, а Деле Али имаше само 17.

Се вчитува...