Нафиу: Верувам дека наскоро и математички ќе ја осигураме титулата!

Валмир Нафиу беше еден од најзаслужните за победата на Шкендија на последниот натпревар против Силекс со 2-1. Стрелајќи за водство на домашните даде значаен удел за запишувањето на трите бода.

26-годишниот офанзивец на Шкендија досега има три погодоци во 23 настапи за тетовци сезонава, од кои само седум како стартер. Но, игра во извонредна форма последниот период поради што ја добива довербата на тренерот Ернест Ѓока.

„За еден фудбалер нема поголемо задоволство од тоа да допринесе за успехот на својот тим. Сакаме да продолжиме во овој ритам и колку е можно побрзо и математички да ја осигураме титулата“ – вели Нафиу и дополнува:

„Нема фудбалер кој не сака да го даде најдоброто од себе на терен, но има и периоди на криза. Тоа го има и во најсилните европски и светски лиги, па е нормално и во нашата земја. Чувствувам дека сега сум во најдобриот свој играчки момент, и головите и асистенциите секако не се случајни. Верувам дека тимот ќе продолжи со овие игри и ќе дојдеме до зацртаните цели“.

Се вчитува...