Нагелсман е „екс“, Клоп станува нов селектор на Германија!

Јулијан Нагелсман ја имаше поддршката од целокупната јавност, но младиот стратег потклекна – Германија е елиминирана уште во 1/16 финалето од СП 2026, па на поранешниот тренер на Баерн Минхен не му се пишува ништо добро кога се говори за долгорочната иднина во националниот тим.

А кога станува збор за германската јавност, за фановите нема никаква дилема – Јирген Клоп треба да биде селекор на Германија почнувајќи од летово. Стратегот на Ливерпул во минатото беше поврзуван со оваа функција, но одби поради клупскиот ангажман во англискиот гигант. Овојпат ситуацијата е поразлична, Клоп работи како советник во групацијата на клубови под „Ред Бул“, тој веќе најави дека е подготвен да одбие нов клупски ангажман, но кога  станува збор за репрезентацијата на Германија, тука ситуацијата е сосема поинаква.

Клоп го следеше мечот со Парагвај на лице место како стручен аналитичар, но одби да ги прокоментира гласините за негово доаѓање на чело на репрезентацијата.

„Јасно ми е зошто моето име се споменува, но ова не е момент да се говори на ваква тема. Сите сме разочарани од она што го видовме, од она што се случи на германската репрезентација“, истакна Клоп.

Информациите на германската јавност се поинакви, Клоп ги одбил понудите во изминатата година бидејќи му било ветено дека по овој мундијал ќе стане селектор во својата татковина. Останува да се види дали овие најави ќе се реализираат, но едно е повеќе од сигурно, Германија под Клоп ќе биде далеку поопасен ривал за сите селекции во однос на оваа на Нагелсман.

Се вчитува...