Нагелсман ќе биде нов тренер на Баерн Минхен!?

По триумфот над Волфсбург, тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик денеска објави дека ја напушта клупата на германскиот шампион.

Одлуката е очекувана ако се знае дека со недели веќе трае судирот меѓу Флик и спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ. Со оглед на тоа што раководството на клубот застана на страна на Салихамиџиќ, заминувањето на Флик е сосема очекувано.

Па, веднаш по објавата за заминување, стартуваа и шпекулациите околу наследникот на Флик. Угледниот новинар Фабрицио Романо објави дека прв фаворит за нов тренер на Баерн е младиот стратег на Лајпциг, Јулиан Нагелсман.

Се вчитува...