Нагелсман не го интересираат „милионерите“ од Дортмунд

Џулијан Нагелсман планира да остане верен на Лајпциг, поради што веќе ја одбил понудата на Борусија Дортмунд да стане тренер на овој тим од наредната сезона. Младиот стратег бил прв „пик“ на „милионерите“ по одлуката за отказ на Лусијан Фавр, но јасно ставил до знаење дека нема намера да го напушти Лајпциг.

Нагелсман дојде во овој клуб од Хофенхајм, во првата сезона стигна до полуфиналето од Лигата на Шампионите, годинава го елиминираше Манчестер Јунајтед од елитното европско натпреварување и без сомнеж е главниот адут на Лајпциг во битките за трофеи езонава.

„Можам да ви гарантирам дека Џулијан ќе остане наш тренер и за следната сезона. Имаше понуди од други клубови, но се чувствува одлично овде, изгради извонредна екипа и не гледа причина зошто би си заминал“, изјави директорот на Лајпциг, Оливер Минцлаф.

Се вчитува...