Награда за титулата: Позлатени персонализирани телефони за „светците“ (ФОТО)

Пари Сен Жермен ја доби шампионската титула во Франција со одлука на федерацијата без да се доигра првенството во Лига 1 до самиот крај, но тоа не им пречи на раководните луѓе на клубот од Париз во соработка со спонзорите да ги почестат фудбалерите со позлатени персонализирани мобилни телефони. Секој фудбалер ќе добие позлатен мобилен телефон од 24-каратно злато на кој ќе биде испишано презимето и бројот на дресот што го носи во тимот.

За промоција беа искористени двете најголеми ѕвезди, Бразилецот Нејмар и Килијан Мбапе.

Се вчитува...