Наградно прашање: Дали ќе се „поклопат“ Роналдо и Рангник?!

Ралф Рангник е изборот на раководството на Манчестер Јунајтед за промена на ситуацијата на „Олд Трафорд“. Германскиот стручњак кој зад себе има фантастични резултати, и воедно е инспирација на голем број тренери како Јигрен Клоп и Томас Тухел во клубот доаѓа како привремен тренер по заминувањето на Оле Гунар Солскјер.

Сепак во англиската јавност постои скептицизам за 63-годишникот. Не за резултатите кои може да ги оствари, туку за неговиот однос со еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо.

Имено, бројни медиуми на „Островот“ се осврнаа кон изјавата на Рангник од пред пет години кога беше предводник на Лајпциг, а на прашање дали Лео Меси и Кристијано Роналдо можат да играат во неговиот тим, тој одговори:

„Би било апсурдно доколку мислите дека тоа ќе функционира. Двајцата се престари, а и прескапи“.

Притоа медиумтие се осврнаа и кон изјвата на Роналдо за неговиот лежерен однос во одбраната, нешто што следниот предводник на „црвените ѓаволи“ не го толерира.

„Знам дека на мојот тим му е потребна помош во одбраната. Меѓутоа мојата задача е да постигнувам голови, да помогнам на мојата екипа да победи. Доколку на луѓето не им се допаѓа каков играч сум, искрено, тоа и не ме загрижува. Имам 36 години, освоив се што можеше да се освои и нема да се осврнувам на коментари за мојата игра во одбрана. Мирно спијам навечер“, изјави Роналдо.

Кој ќе победи во „битката на големите“ останува да видиме. Како потсетување, на престојниот дерби натпревар со Чесли, предводник на Манчестер Јунајтед ќе биде Мајкл Керик.

Се вчитува...