Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Погодокот на Еустакио за Канада беше прв победнички гол постигнат во 90. минута од нокаут меч на мундијалите уште од 2018 година, кога Шадли погоди за триумф на Белгија над Јапонија.
Јужна Африка имаше удар во рамките на противничкиот гол во 6. минута, по што немаше ниту еден ваков удар до самиот крај на мечот.
Со седумте удари во рамките на протинвичкиот гол, Канада има најмногу удари во оваа категорија на СП 2026 (вкупно 28).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
