Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Само Пеле во 1970 година имал повеќе асистенции за Бразил (6) на едно светско првенство од Бруно Гимараеш на еден мундијал (4 досега).
Касемиро стана втор највозрасен стрелец на Бразил на мундијалски меч (34 години и 126 дена). Рекордер се уште е Бебето, кој на СП 1998 стрелаше против Данска на возраст од 34 години и 137 дена.
Ова беше само втора победа на Бразил на меч на СП на кој прв примил гол во последните девет обиди во ваква ситуација. Претходно тоа им успеа на отворањето на СП 2014 против Хрватска (3-1).
Ова беше прв пораз на Германија во пенал-рулет на светските првенства и само втор севкупно на големите натпреварувања, по оној во финалето од ЕВРО 1976 од Чехословачка.
Голот на Енсисо беше прв погодок што Парагвај го постигна во нокаут фазата од еден мундијал откако Парагвајците беа без погодок на претходните пет мечеви „да се биде или не“ на светскит епрвенства.
На овој мундијал досега се постигнати 34 гола со глава, само еден помалку од рекордниот во 2002 година на кој беа постигнати 35 погодоци на ваков начин.
Енсисо е вклучен во сите три гола што Парагвај ги постигна на СП 2026 (еден гол, две асистенции). Тој е првиот по Олег Саленко од Русија (седум гола во 1994) кој учествуваше во сите погодоци на својата репрезентација на еден мундијал.
Ел Ајануи комплетираше 134 додавања за Мароко против Холандија. Само Аргентинецот Паредес имаше повеќе комплетирани додавања (против Јордан, 153) од Мароканецот на еден меч од овој мундијал.
Холандија го почна мечот со петмина во одбрана, Куман се реши за ваква формација прв пат по март 2024 кога загуби од Германија со 2-1. Во меѓувреме, „лалињата“ одиграа 31 натпревар со четири дефанзивци во линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
