Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
САД е првата селекција во историјата на СП на чии мечеви противниците си дале автогол во првите две рунди од мундијалот.
Австралија сега има автогола на ФИФА мундијалите, исто колку и Бугарија, Мароко и Швајцарија, На врвот на оваа листа е Мексико со четири автоголови на СП.
Саибари стана втор африкански фудбалер што успеал да постигне гол на првите две светски првенства на кои учествувал (по Мохамед Салах).
Мароко комплетираше 601 додавање против Шкотска, апсолутен рекорд на африканска репрезентација на светските првенства.
Винисиус е вклучен во три гола на Бразил (два гола, една асистенција) по првите две мундијалски рунди. Ова претходно им има успеано само на двајца бразилски фудбалери, и тоа Елано на СП 2010 и на Ривалдо на СП 2002.
Матеус Куња стана само четврти Бразилец во историјата што постигнал два погодоци на својот прв мундијалски меч како стартер за „кариоките“. Пред него тоа има успеало на Ричарлисон СП 2022), Нејмар (2014) и на Амарилдо на СП 1962.
Анчелоти ги внесе во игра 19-годишните Рајан и Ендрик. Со тоа Бразил, имаше двајца фудбалери по 20 години на терен на мундијалски натпревар за втор пат во историјата, по СП 1958 кога Пеле и Алтафини лескаа на дуелот со Велс.
Голот на Матијас Галарза е најбрзиот постигнат на овој шампионат (64. секунда), уривајќи го рекордот што неколку часа претходно го постигна Мароканецот Саибари со голот во 70. секунда против Шкотска. Воедно, ова е најбрз погодок на мундијалите по оној на Данецот Занка постигнат против Хрватска (55. секунда) на дуелот со Хрватска на СП 2018.
Абдулкерим Бардакчи ги комплетираше сите 98 додавања против Парагвај, најмногу додавања на еден играч со стопроцентна прецизност уште од Сп 1966.
Турција имаше вкушно 62 удари кон противничкиот гол на првите две средби без да постигне ниту еден погодок, убедливо најмногу во последните 60 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
