Нај, нај на СП 2026: Ундав по стапките на Мирослав Клосе

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…

Поразот од Холандија беше прв неуспех за Шведска со три или повеќе гола разлика на СП, уште од поразот од 2-5 во финалето од Бразил на СП 1958.

Шведска стана втора селекција што постигнала и примила пет гола на ист мундијал, по Данска на СП 1986 (Данска – Уругвај 6-1, Данска – Шпанија (1-5).

Дениз Ундав досега учествувал во пет гола на Германија на ова СП (три гола, две асистенции), и тоа како резерва влегувајќи во игра во второто полувреме. Ова досега по две рунди му успеало само на легендарниот Камерунец Роже Мила на СП 1990.

Дениз Ундав е прв германски фудбалер што постигнал голови на своите први две мундијалски средби уште по Мирослав Клосе (СП 2002).

Голманот на Курасао, Ерик Рум, постави нов рекорд со 15 успешни интервенции, најмногу за мундијалски меч на кој не биле играни продолѓженија.

На дуелот Еквадор – Курасао имаше вкупно 18 удари во рамките на противничкиот гол, апсолутен рекорд во оваа категорија уште од 1966 година.

Четирите гола на Јапонија се рекорд за постигнати погодоци на една азиска репрезентација на мундијалски натпревар.

Тунис тана само четврта репрезентација во историјата што загубила два мундијалски меча во низа со по најмалку четири гола разлика (Грција 1994, Кореја 1954 и Боливија 1930).

Се вчитува...