Нај, нај на СП 2026: Дејвид „спие“ за Јуве, но растура за Канада

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…

Чешка е прва селекција во последните 20 години на СП што дала гол на првите две средби на мундијалот, но не славела на ниту една од нив (преходно тоа беше случај со Тунис на СП 2006).

Голот на Мокоена прв прв мундијалски погодок на Јужна Африка уште од 2002, кога Квинтон Фортјун стрелаше за „бафана бафана“ на дуелот со Парагвај, исто така од пенал.

Јохан Мазамби (20 години и 247 дена) а најмлад играч во историјата на светските првенства што влегол како резерва и постигнал два гола на меч од СП.

Мечот Швајцарија – БиХ е само втор во историјата на кој четири погодоци биле постигнати од резервни фудбалери. Рекордот го држи дуелот Унгарија – Ел Салвадор на СП 1982, на кој дури пет погодоци беа дело на резервни фудбалери.

БиХ стана само трета селекција во историјата што примила четири гола по 70. минута од натпревар, по Ел Салвадор птови Унгарија на СП 1982 (пет) и Куба против Шведска на СП 1938 (четири).

Шесте гола на Канада се апсолутен рекорд за репрезентација од Конкакаф зоната на еден светски шампионат (досега ниедна селекција немаше дадено повеќе од четири), воедно и најмногу на една репрезентација што не доаѓа од Европа или од Јужна Америка.

Џонатан Дејвид стана прв фудбалер на Јувентус со мундијалски хет-трик по Паоло Роси на СП 1982 против Бразил.

Голот на Нејтан Салиба е првиот постигнат директно од слободен удар на ово светски шампионат,

Раул Рангел е втор голман во историјата што има недопрена мрежа на своите први два мундијалски меча за Мексико. Првиот е Гилјермо Очоа на СП 2014.

Мексико за првпат во историјата има три победи во низа на светските првенства, нивниот последен дуел на СП 2022 против Саудиска Арабија и победите над Јужна Африка и над Јужна Кореја на СП 2026.

Се вчитува...