Најава за блескава кариера? – Стивен Џерард веднаш се запиша во историјата на Астон Вила

Стивен Џерард се врати во Премиерлигата каде на „жешкото столче“ во Астон Вила го наследи Дин Смит. Англискиот стратег го затекна клубот во далеку од иделна состојба со серија од пет порази во низа, но „шок-терапијата“ моментално вроди плод.

Во првиот натпревар на Џерард, Астон Вила славеше над Брајтон со 2-0, а вчера тимот од „Вила Парк“ ја забележа и втората победа во низа, триумфирајќи на гостувањето кај Кристал Палас со 1-2.

За Џерард тоа се „два од два“ како предводник на тимот од Бирмингем со кои се запиша во историјата на клубот како еден од двата тренера кои по превземањето на тимот забележале ваков учинок. Пред Џерард тоа му успеа на Џон Грегори во 1998 година.

Се вчитува...