Најавени санкции против насилниците, ФА отвора истрага за настаните на „Олд Трафорд“

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) денес објави дека ги истражува настаните што доведоа до одложување на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул на „Олд Трафорд“.

Инцидентите се случија во неделата попладне за време на протестот на навивачите на Манчестер Јунајтед пред стадионот. Навивачите, неколку стотици од нив, ја пробија оградата и упаднаа на теренот, каде извикуваа пораки против сопствениците на клубот, семејството Глејзер, а некои дури и запалија факели на теренот.

Натпреварот требаше да започне во 17.30 часот, но беше одложен од безбедносни причини. ФА соопшти дека ги истражува настаните од „Олд Трафорд“.

Британскиот министер за спорт Најџел Хаделстон изјави дека насилството е неприфатливо.

“Страстите се одлични во фудбалот, но постои начин да се протестира и да се чуе вашиот глас без да повредите или да ги загрозувате другите. Ние ги разбираме фрустрациите, но насилството на малцинството навивачи на „Олд Трафорд“ вчера е неприфатливо”, рече министерот.

Се вчитува...