Најавени тимови за ЛШ: Јувентус преполовен против Тотенхем

Натпреварите од Лигата на шампионите по двомесечна пауза продолжуваат вечерва, со дуелите меѓу Јувентус и Тотенхем, односно Базел и Манчестер сити.

Со најголеми проблеми од четирите тренери се соочува Масимилијано Алегри, кој не може да смета на половина тим за пресметката во Торино со „спарси“. Квадрадо, Хеведес и Дибала се повредени веќе извесно време, но ако на тоа се додадат и проблемите на Матуиди и Барѕалји, заедно со повредата на Лихтштајнер, јасно е дека Алегри нема да има нималку лесна задача да направи победничка комбинација против незгодниот ривал.

Манчестер сити се надева на продолжување на успешната серија и на гостувањето против Базел, со цел веќе на првиот меч да го визира пласманот во четвртфиналето. Добра вест за Гвардиола е што повторно на располагање ќе го има Лирој Сане, кој ќе го стартува мечот од клупата за резерви и најверојатно ќе добие шанса во последните десетина минути.

БАЗЕЛ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

Базел: Вацлик, Лакруа, Суши, Баланта, Ланг, Зуфи, Џака, Петрета, Елјунуси, Оберлин, Ван Волфсвинкел.

Отсутни: Ваилати.

Манчестер сити: Едерсон, Вокер, Отаменти, Лапорт, Зинченко, Фернандињо, Давид Силва, Бернардо Силва, Де Бруин, Стерлинг, Агуеро.

Отсутни: Менди, Габриел Жесус.

ЈУВЕНТУС – ТОТЕНХЕМ

Јувентус: Буфон, Де Шилјо, Бенатија, Кјелини, Алекс Сандро, Маркизио, Кедира, Пјаниќ, Даглас Коста, Манџукиќ, Игуаин.

Отсутни: Квадрадо, Матуиди, Дибала, Хеведес, Барѕалји, Лихтштајнер.

Тотенхем: Љорис, Трипие, Санчез, Вертонген, Дејвид, Дајер, Дембеле, Ериксен, Сон, Али, Кејн.

Отсутни: Алдервирелд.

Се вчитува...