Најавени тимови за ЛШ: Милнер лев бек во Ливерпул, Агуеро се враќа за Сити

Отсуството на Енди Робертсон е единствениот проблем со кој Јирген Клоп се соочува во пресрет на денешниот дуел на домашен терен против Порто, во првата четвртфинална пресметка од Лигата на шампионите. Иако го има Морено како класичен лев бек, Клоп не верува во шпанскиот ас кој е на заминување од „Енфилд“, па местото на Робертсон ќе му го додели на Џејмс Милнер, кој пред две сезони беше и прва опција за оваа позиција во тимот.

На спротивната страна, кај Порто поради повреда ќе недостигаат двајца клучни играчи, и тоа дефанзивецот Пепе и плејмејкерот Ерера. Ако на тоа се додаде и дека е неизвесниот настапот на левиот бек Телеш, јасно е дека португалскиот состав со многу проблеми ќе му гостува на англискиот премиерлигаш.

Серхио Агуеро се враќа во нападот на Манчестер Сити за вечерашното гостување против Тотенхем. Аргентинецот ги пропушти последните две средби на „граѓаните“ поради повреда на мускулот, но ќе биде подготвен за вечерва да се појави од првата минута на дуелот со премиерлигашкиот ривал.

ТОТЕНХЕМ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

ТОТЕНХЕМ: Љорис, Трипие, Алдерверел, Фертонген, Роуз, Сисоко, Ериксен, Винкс, Сон, Али, Кејн.

Отсутни: Дајер, Ламела.

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Данило, Лапорт, Отаменди, Менди, Фернандињо, Давид Силва, Де Бруин, Бернардо Силва, Стерлинг, Агуеро.

Отсутни: Браво, Зинченко.

ЛИВЕРПУЛ – ПОРТО

ЛИВЕРПУЛ: Алисон Бекер, Александер Арнолд, Милнер, Матип, Ван Дајк, Фабињо, Хендерсон, Кеита, Салах, Мане, Фирмино.

Отсутни: Гомез, Робертсон, Окслејд – Чембрлен.

ПОРТО: Касилјас, Макси, Фелипе, Милитао, Телеш, Данило, Отавио, Корона, Брахими, Марега, Соареш.

Отсутни: Ерера, Пепе.

Се вчитува...