Најавени тимови за ЛШ: Роналдо од првата минута на теренот во Амстердам

Кристијано Роналдо по повредата изјави дека „си го познава телото и очекува да може да настапи против Ајакс“. Малкумина веруваа дека повреда на мускул може да се санира за толку кратко време, но Португалецот уште еднаш покажа дека е „монструм“ кога станува збор за физичка подготовка.

Тој импресионираше на последните два тренинзи на Јувентус, па последните информации велат дека Алегри е подготвен да му даде шанса од првата минута. Главниот проблем Јуве ќе го има во одбраната, каде Ругани ќе ја има одговорната задача да го замени повредениот Кјелини.

Манчестер Јунајтед ќе ја пречека Барселона на „Камп ноу“, дуел за кој Рашфорд и Марсијал ќе бидат задолжени за создавање проблеми на каталонската одбрана, а Лукаку шанса ќе чека од клупата за резерви. На спротивната страна, Кутињо повторно би требало да добие шанса во првиот тим на Барселона во ситуација кога Дембеле е повреден.

МАНЧЕСТЕР Ј. – БАРСЕЛОНА

МАНЧЕСТЕР: Де Хеа, Јанг, Шо, Смолинг, Линделоф, Матиќ, Ерера, Погба, Лингард, Марсијал, Рашфорд.

Отсутни: Валенсија, Баи, Санчез.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленгле, Алба, Бускетс, Артур, Ракитиќ, Кутињо, Меси, Суарез.

Отсутни: Рафиња, Дембеле.

АЈАКС – ЈУВЕНТУС

АЈАКС: Онана, Велтман, Де Лигт, Блинд, Талјафико, Ван де Бек, Шене, Де Јонг, Зијеш, Тадиќ, Нерес.

Отсутно: Банде, Мазрауи.

ЈУВЕНТУС: Шчешни, Де Шилјо, Бонучи, Ригано, Алекс Сандро, Пјаниќ, Бетанкур, Матуиди, Бернардеси, Роналдо, Манџукиќ.

Отсутни: Кјелини, Џан, Касерес.

Се вчитува...