Најавени тимови за ЛШ: Тухел нема избор – мора во офанзива против Манчестер Сити

Баерн Минхен има негатива од три гола од првиот меч со Манчестер Сити, па јасно е дека Томас Тухел нема многу простор за маневар, туку ќе мора од самиот почеток да тргне во офанзива кон голот на Едерсон. Добра вест е камбекот на Чупо Мотинг, кој би требало да биде предводник на нападот откако ги надмина проблемите со незгодната повреда на коленото поради која го пропушти мечот во Манчестер. Садио Мане веќе не е суспендиран од клубот, но Сенегалецот дефинитивно нема да биде стартер по конфликтот што го имаше со Лирој Сане.

Интер со предност од 2-0 од првиот меч со Бенфика ќе го пречека португалскиот гигант вечерва на „Џузепе Меаца“. Приоритет за италијанскиот состав ќе биде затворање на приодите кон сопствениот гол, а Симоне Инзаги нема преголеми проблеми со составот, ако се знае дека ќе недостига единствено Шкринијар, но Словакот секако не беше стандарден првотимец откако реши да го напушти клубот на крајот од сезонава, договарајќи ги деталите од летниот трансфер во ПСЖ.

БАЕРН М. – МАН. СИТИ

БАЕРН: Зомер, Павар, Де Лихт, Упамекано, Дејвис, Кимих, Мусиала, Сане, Милер, Коман, Чупо Мотинг.

Отсутни: Нојер, Хернандез.

МАН. СИТИ: Едерсон, Вокер, Дијаз, Аке, Стоунс, Родри, Силва, Гундоган, Де Бруине, Грилиш, Халанд.

Отсутни: Фоден

ИНТЕР – БЕНФИКА

ИНТЕР: Онана, Дармијан, Ачерби, Бастони, Дамфрис, Барела, Брозовиќ, Димарко, Чалханоглу, Џеко, Мартинез.

Отсутни: Шкринијар.

БЕНФИКА: Влаходимос, Жилберто, Антонио Силва, Отаменди, Грималдо, Флорентино, Чикињо, Аурснес, Рафа Силва, Жоао Марио, Рамос.

Отсутни: Бах, Дракслер.

Се вчитува...