Најбогатиот Британец го купува Манчестер јунајтед

Најбогатиот Британец Сер Џим Ретклиф наводно потврдил дека неговата фирма Инеос официјално влегла во трката за купување на Манчестер Јунајтед. Актуелните сопственици, американската фамилија Глејзери ги објавија своите планови за продажба на Јунајтед во ноември минатата година, односно по 17 години по преземањето на клубот од „Олд Трафорд“.

Тие бараат 5 милијарди фунти за откупување на клубот, а Инеос и Сер Џим Ретклиф позади него е подготвен да ги даде парите.

Манчестер јунајтед ги има најлошите години во својата понова историја и веќе десет години е без трофеј во премиер-лигата.

Се вчитува...