Најбогатиот Британец извиси во купувањето на Челси, сега ќе го спасува Манчестер Јунајтед

Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и 113. најбогат човек во светот според Форбс за 2021 година изрази желба да го купи Манчестер Јунајтед од фамилијата Глејзер со цел да го спаси својот омилен клуб во тешките моменти, пренесуваат англиските медиуми.

Оваа информација воедно ја потврди и неговиот портпарол изјавувајќи дека клубот има преголемо значење за градот и ова е вистинското време за промени.

„Доколку клубот е на продажба, Џим дефинитивно е потенцијален купец. Доколку тоа е возможно заинтересирани сме да преговараме со цел да го добиеме клубот на долги стази. Не станува збор за трошењето пари. Џим ги разгледува опциите што може да се превземе сега, а знаејќи кое е значењето на тимот за градот се чини дека сега е вистинското време за промени“, вели портпаролот на Ретклиф.

Ретклиф кој веќе е сопственик на францускиот клуб Ница и на швајцарскиот клуб Лозана, како и на велосипедскиот тим Инеос Гренадирс, беше една од опциите за превземање на Челси, но неговата понуда од 4.25 милијарди фунти не беше доволна. А, доколку сака да го превземе Манчестер Јунајтед ќе мора да издвои околку 6 милијарди фунти.

Манчестер Јунајтед во последната деценија е само бледа слика од великанот кој доминираше во светот на фудбалот. „Црвените ѓаволи“ мака мачат да стигнат до успех, а навивачите веќе подолго време бараат заминување на фамилијата Глејзер.

Се вчитува...