Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Нејмар…заработуваат огромни пари, но не се најбогатите фудбалери во светот. Тоа е Фаик Болкиах (22), принцот на Брунеи кој „тежи“ повеќе 20 милијарди долари. Тој во моментов е без клуб откако истече неговиот договор со англискиот премиерлигаш Лестер.
Болкиах дојде во Лестер во 2016 година, но не заигра ниту една минута во Премиер-лигата и настапуваше за составот до 23 години.
Како принц на Брунеи, внук на султанот Хасанал Болкиах, Фаик има огромно богатство, а негова сепак најголема желба е да биде професионален фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА