НАЈЧИТАНО ВО 2018… Ракитиќ му врати на Ѓоковиќ: Ти да победиш на Вимблдон а ние во Русија, па заедно да славиме!

НАЈЧИТАНО ВО 2018…

Издвојувајќи ги најчитаните текстови на ЕКИПА за изминатава 2018 година уште едно потсетување за најзначајните настани, моменти, информации кои ја одбележаа годината која заминува…

======================================================================================

Еден од првите кој им ги честиташе успесите на хрватските репрезентативци на Мундијалот во Русија беше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Популарниот Ноле поради таа поддршка за „коцкестите“ наиде и на сериозни критики во дел од српската јавност, но Ѓоковиќ не се потресе премногу поради тоа уште еднаш нагласувајќи дека секогаш ќе навива за своите добри пријатели…

А, веднаш по таа честитка од Ѓоковиќ, најмногу до Ракитиќ и до Модриќ, и Иван Ракитиќ не пропушти шанса да му одговори на Србинот…

„Навистина сите во хрватската репрезентација премногу го цениме Ѓоковиќ… Знам дека отворено не поддржа, и затоа сум секако благодарен. Тој е извонреден спортист но и прекрасна личност. Јас лично ќе навивам за него на Вимблдон. Посакувам тој да победи на Вимблдон во недела, а ние да победиме во финалето на Светското првенство против Франција па заедно да славиме“ – истакна Ракитиќ за хрватските медиуми.

Се вчитува...