Судијата од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан (34), беше суспендиран од Африканскиот куп на нации поради носење опрема што не беше вклучена во техничките спонзори на турнирот.
Комитетот на Конфедерацијата на африкански фудбалски судии одлучи да го замени судијата кој беше назначен да го суди четвртфиналниот натпревар од Купот на нации помеѓу Алжир и Нигерија. Артан беше казнет за кршење на прописите за опрема додека го судеше натпревар помеѓу Габон и Брегот на Слоновата Коска на 31. декември.
Сомалиецот тогаш носеше копачки од производител кој не беше вклучен во техничките спонзори на турнирот. Фактот дека е долгогодишен судија со логото на ФИФА и дека неодамна беше прогласен за најдобар африкански судија за 2025 година не го спаси Артан од оваа неодговорна грешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

