Најдобриот играч на „црвените ѓаволи“ останува во Манчестер: Де Хеа пред нов потпис со Јунајтед!

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа е блиску до продолжување на соработката со „црвените ѓаволи“. Ова сигурно е одлична вест за клубот од „Олд Трафорд“ бидеји Шпанецот со сигурност беше најдобриот играч на „црвените ѓаволи“ оваа сезона.

Актуелниот договор на 31-годишниот Де Хеа истекува следното лето, но според „Сан“ тој е многу блсику до продолжување на соработката до 2025 година. Тоа е јасен индикатор дека новиот менаџер Тен Хаг сака да го задржи во своите редови и го смета за една од најважните алки во тимот.

Ако Давид остане на „Олд Трафорд“ до 2025 година, тогаш тоа ќе бидат цели 14 години поминати во тимот на Јунајтед, период во кој несомнено ќе стекне легендарен статус на клубот.

Се вчитува...