Најдобриот стрелец во Шпанија веќе се договори за трансфер во Атлетико Мадрид

Најдобриот стрелец во Ла Лига изминатава сезона, Украинецот Артем Довбик е пред преселба во редовите на Атлетикот Мадрид.

Офанзивецот на Џирона, кој со 24 гола блесна изминатава сезона во Шпанија, е наводно веќе договорен со Атлетико Мадрид и покрај желбата на неговиот се уште актуелен клуб тој да биде со нив низ дебитанските настапи во Лигата на шампионите.

Но, 26-годишниот Украинец веќе постигнал договор со „јорганџиите“ кои за неговите услуги ќе платат 40 милиони евра, со што ќе се активира откупната клаузула.

Атлетико Мадрид подготвува квалитетни засилувања за тимот за новата сезона. Веќе е блиску до договор и со стоперот на шпанската репрезентација и Реал Сосиедад, Робин ле Норман, за кого ќе платат 30 милиони евра.

Се вчитува...